Миленикот на Анчелоти пред трансфер во Ливерпул

3082

Реал Мадрид и Ливерпул преговараат за трансфер на францускиот играч за врска Орелиен Чуамени.

Миленикот на Карло Анчелоти најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Ливерпул. Англиските медиуми пишуваат дека трансферот е многу блиску до реализација.

Деталите за трансферот се уште не се познати, но се претпоставува дека кралскиот клуб би можел да заработи околу 100 милиони евра, што секако е врвна зделка.

Претходно се разговараше за трансферот на 24-годишниот фудбалер во Ливерпул. Сепак, тогаш сите приказни завршија многу брзо и зделката меѓу двата гиганти не беше склучена.

Сепак, Ливерпул не се откажа. „Црвените“ беа упорни да го доведат и се чини дека сето тоа може да заврши многу брзо.

Италијанскиот стручњак наводно ја смирил ситуацијата и му рекол на Чуамени дека не внимава на трансфер приказните. Сепак, очигледно е дека нешто се подготвува и Французинот е на излезната врата од кралскиот клуб.

Чуамени пристигна во Реал во 2022 година од Монако во зделка вредна 80 милиони евра. Тој одигра 103 натпревари, постигна три пати и имаше пет асистенции.

ПретходноМакедонија сепак има една победа против Литванија
СледноЛазаров: За да победиш на гостински терен – мора да одиграш квалитетно!