Суперкомпјутерот сега предвидува дека Ливерпул ќе биде шампион во Премиер-лигата!

133
Фото: ФЦ Ливперул/Твитер

По поразот од Брајтон, по лошата форма во која се наоѓа Манчестер Сити, сега некои работи се менуваат. Имено пред да почне новата сезона во Премиер-лигата, Суперкомпјутерот предвидуваше дека првак ќе биде Манчестер Сити со високи 82.2 насто шанси, втор беше Арсенал со 12.2 насто а на Ливерпул му се даваа 5.1 насто шанси за шамионската титула.

Сепак денеска Суперкомпјутерот вели дека Ливерпул сега има 59.3 насто шанси, Сити е втор со 36.2 а Арсенал има минимални 4.1 насто шанси.

Ова доаѓа по фантастичните партии на тимот од „Енфилд“ кој сега по 11.коло во Премиер-лигата има +5 бода предност пред Манчестер Сити.

Во случај “Редси“ да бидат шампиони новиот тренер на тимот Арне Слот ќе стане легенда и во Премиеер-Лигата. Имено досега никој, ама баш никој, па ни Пеп Гвардиола не бл првак во својата прва сезона на Островот во елитната лига.

ПретходноЕргин Атаман пренесен во болница по натпревар од грчката лига
СледноАлександер-Арнолд се враќа по репрезентативната пауза