Александер-Арнолд се враќа по репрезентативната пауза

94

Дефанзивецот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд заработи повреда на натпреварот против Астон Вила во 11. коло од Премиер лигата. Тој беше заменет релативно рано во првото полувреме, откако стана јасно дека има проблеми со мускулите.

Репрезентативецот на Англија веројатно нема да биде достапен за својата репрезентација на натпреварите во Лигата на нациите, а загриженоста кај стручниот штаб на Ливерпул беше голема со оглед на тоа што Трент е клучен дел од плановите на Арне Слот. Информациите кои доаѓаат од островот велат дека повредата на Трент не е многу сериозна и неговата рана замена во вчерашниот натпревар го спасиле од посериозна повреда.

Последниве неколку недели Трент ги игра натпреварите со својот тим користејќи лекови против болки поради повредата која ја заработи со англиската репрезентација на натпреварот против Финска.

ПретходноСуперкомпјутерот сега предвидува дека Ливерпул ќе биде шампион во Премиер-лигата!
СледноИнтер и Наполи си поделија по бод