Во меч од 12.коло во Серија А, Аталанта денеска на свој терен во Бергамо со 2:1 успеа да го победи составот на Удинезе. Се очекуваше составот на Гасперини да нема толку тешка работа, но тимот од Удине се покажа дека сепак е тврд орев дека оваа есен игра во одлична форма.
Со овие три бода тимот од Бергамо се најде на делба на првото место на табелата во Серија А, но и со меч повеќе од останатите конкуренти кои допрва денеска ќе ги одиграат своите мечеви.
Удинезе поведе со голот на Камара во 45+3.минута. Домашните во продолжение од средбата направија пресврт и со голот на Пашалиќ во 56.минута и со автоголот на Туре дојдоа до три екстра значајни бода.