Бетис – Селта 2:2 е епилогот од супер интересниот меч денеска во рамките на 13.коло во Ла Лига. Вистинска лудница се случуваше во петтата минута од судиското продолжение кога домашниот фудбалер Бартра постигна гол за конечни 2:2 со што му донесе на својот тим бод.
Селта двапати водеше, со 0:1 и со 1:2, сепак на крајот мораше да се задоволи само со бод.
Првиот гол за Бетис беше дело на Витор Роке, Бразилецот кој не се прослави ви Барселона.