Македонија беше сведок на срамен натпревар, во кој екипите на Скопје и Гевгелија во меч од Супер-Купот постигнуваа автоголови и намерно промашуваа кон противничкиот гол. Во јавноста се огласи и Министерот за спорт, Борко Ристовски кој најави дека од утре и на двата тима ќе им биде одземена лиценцата.
Засега не е позната причината поради ваквиот ни малку спортски потег на Скопје и Гевгелија, но ова ќе ги чини скапо, бидејќи во иднина ќе не можат да продолжат да се натпреваруваат.
„Ги погледнав снимките и веќе в понеделник на клубовите ќе им биде одземена лиценцата за дејност спорт и не ќе можат да се натпреваруваат во домашниот шампионат. Ваков тим на немили настани и грубо кршење на спортските правила, треба еднаш да ги ставиме под контрола“, изјави Ристовски.