Брони Џејмс дебитираше во Г лигата за Саут Беј Лејкерс. Развојниот тим на НБА франшизата имаше голема поддршка од навивачите, а овојпат салата за премиерниот меч во сезоната 2024/25 беше распродадена токму поради дебито на синот на Леброн.
Во публиката беше целото негово семејство предводено од Леброн Џејмс, а дуелот го следеше и тренерот на ЛА Лејкерс, Џеј Џеј Редик.
Помладиот Џејмс се мачеше офанзивно, постигнувајќи 2 од 9 од поле и промаши четири обиди за три поени. Покрај тоа, имаше четири асистенции, три скока, две украдени топки и пет загубени топки.
Bronny James knocks down his first jumper 🔥pic.twitter.com/6q94XVfD03
— LakeShowYo (@LakeShowYo) November 10, 2024
Саут Беј Лејкерс ги совлада Старс со 110:96.