ВМФЛ: Брегалница против Арсими, “лавовите“ на гости во Велес, Скопје го пречекува Башкими

194

Денеска од 13 часот се играат сите осум средби од 12.коло во ВМФЛ. Ќе нема класично дерби, но затоа би требало да има неколку интересни дуели, пред се оној во Штип каде се среќаваат Брегалница и Арсими. „Синиите“ со три бода и натаму ќе бидат при врвот на табелата, додека ако Арсими слави тогаш овој тим ќе се најде пред Брегалница.

Македонија ЃП не би требало да има никакви проблеми во Велес кај Борец. Се очекува лесна и убедлива победа на „лавовите“, сепак разлика во класи е во прашање.

На Автокоманда гостува Башкими, кумановци како аспиранти за влез во елитата на оваа средба одат најмалку на бод, ако не и на сите три. А се знае дека секогаш е тешко да се победи Скопје на негов терен.

На останатите средби се среќаваат Вардар (Н) – Саса, Вардарски – Новаци, Осогово – Победа, Кожув – Охрид, Детонит – Беласица.

ДВОЈКИ ЗА 12.КОЛО -ДЕНЕСКА (13 Ч)

Вардар (Н) – Саса

Вардарски – Новаци

Осогово – Победа

Скопје – Башкими

Кожув – Охрид

Детонит – Беласица

Брегалница – Арсими

Борец – Македонија ЃП

ТАБЕЛА

Македонија ЃП 26, Башкими 26, Брегалница 24, Арсими 23, Охрид 20, Кожув 17, Беласица 16, Детонит 15, Саса 15, Победа 13, Вардар 11, Новаци 11, Скопје 10, Осогово 5, Борец 5, Вардарски 2

ПретходноБорко Ристовски најави дека ќе им бидат одземени лиценците на Скопје и Гевгелија!
СледноЛазаров со една измена во составот за дуелот со Литванија