Гвардиола: Можеби е време некој друг да биде шампион!

419

Фудбалерите на Манчестер Сити вчера го претрпеа четвртиот пораз во низа откакобеа совладани од Брајтон со 2:1 во натпревар од 11. коло на англиската Премиер-лига. На Сити му се случи за прв пат од август 2006 година да има четири порази во низа, а на тренерот на тимот Пеп Гвардиола првпат во кариерата му се случи четвртиот последователен пораз.

Негативната серија на Сити ја напишаа Тотенхем во ЕФЛ купот (1:2), потоа Борнмаут во првенството (1:2), па Спортинг во Лигата на шампионите (1:4), а сега Брајтон ја продлабочи кризата. По 11 првенствени натпревари, Сити заостанува зад лидерот Ливерпул со пет бода.

Иако Гвардиола се соочи и со поголеми дефицити кои ги надополнуваше, англиските медиуми ја истакнуваат неговата изјава по средбата и се прашуваат дали на доминацијата на Сити во Премиер-лигата и дојде крајот и дали Пеп навистина ја предаде титулата.

„Откако освоивме шест титули во Премиер-лигата за седум години, можеби е време некој друг да биде шампион“, рече Гвардиола, коментирајќи ја неговата серија од четири натпревари без победа: „За сè има прв пат. Натпреварите се губат. Ова е мојот предизвик, а јас ги сакам предизвиците и нема да отстапам повеќе од кога било“.

ПретходноКливленд не застанува – сега е на 11-0 (ВИДЕО)
СледноБорко Ристовски најави дека ќе им бидат одземени лиценците на Скопје и Гевгелија!