Косово и зема бод на Холандија, Италија ја победи Србија!

711
Фото: Federata e Hendbollit e Kosovës

Евро-квалификациите не минаа според очекувањата. Поголемо изненадување од победата на Литванија против Македонија, приреди и Косово. На домашен терен оваа селекција успеа да одигра без победник против големата Холандија, мечот заврши со 33-33.

За изненадување се и 33-те постигнати голови на Косово против холандските ракометари. И покрај ремито, Холандија останува лидер во својата група со три бода, еден повеќе од Украина и Фарски Острови, додека Косово е последен со еден бод.

И вечерта не заврши тука, Италија која се покажа како незгодна селекција на домашен терен славеше против Србија со 31-30. Ова е прв пораз за нашиот северен сосед, а прва радост за Италија.

Во моментов се играат последните два меча од второто квалификациско коло за пласман на ЕП 2026 година помеѓу Португалија – Израел и БиХ – Грција.

РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО
ГРУПА„1“: Литванија – Македонија (29-27), Естонија – Словенија (28-29)
ГРУПА „2“: Финска – Унгарија (23-32), Словачка – Црна Гора (35-38)
ГРУПА „3“: Грузија – Исланд (25-30), БиХ – Грција
ГРУПА „4“: Италија – Србија, Летонија (31-30) – Шпанија (29-38)
ГРУПА „5“: Луксембург – Хрватска (25-35), Белгија – Чешка (15-31)
ГРУПА „6“: Косово – Холандија (33-33), Украина – Ф. Острови (35-32)
ГРУПА „7“: Турција – Германија (29-36) , Швајцарија – Австрија (29-29)
ГРУПА „8“: Романија – Полска (27-28), Португалија – Израел

ПретходноКошаркарките убедливо поразени и од Португалија
СледноГостивар со една петорка за малку ќе направеше сензација во Скопје