Уште една извонредна партија на нашиот Ненад Димитријевиќ и нова важна победа за Армани Милано во италијанскиот шампионат. Димитријевиќ вечерва постигна 17 поени и повторно беше најдобар поентер во составот на Еторе Месина, која славеше со 79-78 против екипата на Венеција и ја оствари својата петта победа во новата сезона.
Димитријевиќ се задржа 29 минути на паркетот, а освен 17-те поени имаше и извонредни 10 асистенции и 1 реализиран скок.