Дробаров со 100 настапи за Черно Море

182

Не е лесно да се биде интернационалец, а кога пак еден таков играч ќе стигне до 100 настапи за еден странски клуб, тоа значи дека остава сериозен впечаток. Искусниот дефанзивец Влатко Дробаров викендов тоа го постигна за својот тим Черно Море кој што патем обезбеди победа над тимот на Берое со 1:0.

Па така, Дробаров стана само третиот странец во клубот кому му пошло ова од рака по Матијас Куриес со 110 и Миша Милошевиќ со 106. Не треба да се размислува премногу за да се дојде до заклучокот дека Дробаров веќе сезонава ќе ги мине и обајцата.

Вардаровото дете со успех настапува за тимот од бугарското крајбрежје веќе неколку сезони, клубот минатата сезона избори пласман во Европа. Дробаров е некогашен младински репрезентативец на Македонија, но никогаш зачудувачки не доби шанса во А репрезентацијата на Македонија.

ПретходноАталанта со пресврт до три бода против Удинезе!
СледноВМФЛ: Тежок инцидент на Автокоманда, мечот беше во прекин! Брегалница го победи Арсими, “лавовите“ до триумф во Велес!