Естонија промаши пенал за реми против Словенија

360
Фото: ESThandball

Дефинитивно првите две квалификациски кола за пласман на ЕП 2026 година донесоа резултати кои беа помалку очекувано. Покрај поразот на Македонија од Литванија на гостински терен од 29-27, во нашата група за малку ќе се случеше изненадување кое на „црвено-жолтите“ не им одеше во прилог.

Естонија во самиот финиш не реализираше од седум метри за реми против фаворитот Словенија. Кокс беше трагучарот, на крајот оваа средба заврши со минимални 28-29 во корист на Словенија која по првите две кола е лидер со четири бода.

Литванија е втора со два бода исто колку и Македонија, додека Естонија останува последна без освоени бодови.

Следните квалификациски мечеви се во март, а тогаш Македонија прво ја пречекува Словенија, а потоа и гостува за три дена.

Одлучувачките дуели за ЕП 2026 ќе играме во мак против Естонија на гости и Литванија на домашен терен.

ПретходноМакедонските ракометари поразени во Литванија (ФОТО)
СледноШампионот го доби „дербито на есента“, Работнички во пет сета подобар од Наковски В.