Фудбалерите на Интер и Наполи ремизираа со 1:1 во дерби натпреварот од италијанската Серија А. На двата тима им беше потрбна победа за да се одвојат на врвот на табелата, но со ова реми 4 екипи на табелата се на 1 бод разлика од Наполи.
Резултатот го отвори шкотланќанецот Скот Мектоминеј во 23-тата минута, а во 43-тата Чалханоглу изедначи и со тој резултат екипите заминаа на одмор. Во второто полувреме двете екипи играа резервирано и не притискаа доволно за нов гол. Во 74-тата минута Чалханоглу имаше шанса со пенал да им донесе три бода на домаќините, но камитенот на „нероаѕурите“ не успеа да го претвори пеналот во погодок.
Наполи остана на првото место со 26 бода, додека пак Интер се наоѓа на 4-тото место со 25 бода.