Се чини дека по овој денешен пораз и тоа на свој терен од Болоња со 2:3, тренерот на Рома, Иван Јуриќ добива отказ. Треба да се случи чудо за да не биде така.
“Волчицата“ уште еднаш разочара, па така денеска во меч од 12.коло на “Олимпико“ доживеа пораз од Болоња со 2:3, и со тоа продолжи да паѓа на табелата. Катро, Орсолини и Карлсон беа стрелците за гостите кои имаа водство и од 0:2 и 1:3, сепак со двата гола на Ел Шарави домашните не дозволија тотален дебакл, ако и ова не е тотален дебакл за нив.
На вториот меч во овој попладневен термин од 15 часот, Фиорентина со 3:1 славеше против Верона и тоа со хет-трикот на Кен.