Атланда Јунајтед го направи најголемиот подвиг во историјата на плејофот на МЛС купот, откако синоќа во третиот натпревар го совлада Интер Мајами со 3:2 и ги елиминираше Лионел Меси, Луис Суарез, Серхио Бускетс, Жорди Алба и нивните соиграчи од плеј-офот.
Интер Мајами влезе во плејофот како најдобар тим во МЛС и освои дури 34 бода повеќе од Атланта (74:40). Против деветтиот тим на Истокот имаше водство од 1:0 во серијата која се играше на две победи, но тоа не му беше доволно, а Атланта во полуфиналето на конференцијата ќе ги одмери силите со Орландо Сити.
Рохас го доведе Интер Мајами во водство во 17. минута, а потоа гостинскиот тим направи пресврт за само две минути откако Тиаре постигна гол во 19. и 21. Меси постигна гол со глава во 65. минута и го израмни резултатот на 2:2.
Малку подоцна ќе се покаже дека неговиот 23. гол сезонава (има и 13 асистенции) во 25. натпревар му беше и последен годинава, бидејќи противникот во 76. минута успеа да приреди пресврт.