Во НБА-лигата синоќа се одиграа четири меча, а во центарот на вниманието се најде Кливленд. Кавси останаа единствена непоразена екипа во досегашниот дел од сезоната, го запишаа 11-от триумф откако славеа против Бруклин со 105-100.
Кливленд е 12 тим во историјата на НБА-лигата кој успеал сезоната да ја отвори со 11 победи во низа.
Ова беше доста интересен натпревар, со бројни промени на водството, а домашниот тим благодарение на добрата игра во третата четвртина која ја доби со 35-ѝ8 дојде до триумфот. Мобли со 23 поени и 16 скока беше лидер кај победникот, зад него беше Митчел со 22 поени. На другата страна Џонсон имаше 22 поени.
На останатите средби, Сан Антонио беше поразен од Јута со 110-111, додека Атланта загуби од Чикаго со 113-125, Клиперси го совладаа Торонто со 105-103.