Кошаркарките убедливо поразени и од Португалија

53
Фото: ФИБА

Македонската женска кошаркарска репрезентација го запиша четвртиот пораз во квалификациите за ЕП 2025 година. Избраничките на селекторот, Александар Ашаданов на домашен терен беа поразени од Португалија и тоа со убедливи 40-76.

Овој дуел беше решене после првото полувреме во кое „црвено-жолтите“ имаа негатива од 22-41. Потврдата дека Македонија е пред нов пораз дојде во третата четвртина во која нашите кошаркарки постигнаа 8 поени, а примија 19.

Митрашиновиќ со 16 поени, 6 скока и три асистенции беше најефикасна во нашите редови и еднствена со двоцифрен број на поени.

Македонија останува последна во групата Г со четири порази во исто толку одиграни мечеви.

ПретходноЛондонското дерби без победник
СледноКосово и зема бод на Холандија, Италија ја победи Србија!