Македонската машка ракометна репрезентација денеска (17 часот) го игра вториот квалификациски меч за пласман на Европското првенство 2026 година. По триумфот на домашен терен над Естонија (37-33) нашите момци и гостуваат на Литванија во Вилнус.
Селекторот, Кирил Лазаров за овој дуел одлучи да направи една измена и тоа на голманската позиција. Наместо Мартин Томовски шанса за деби на официјален меч за националниот тим ќе чека младиот голман Иван Галевски.