Фудбалерите на Челзи и Арсенал ги поделија бодовите во дербито од 11-тото коло од англиската Премиер Лига со резултат 1:1. И двата тима влегоа во натпреварот со императив за победа со цел да останат во шампионската трка, но ова реми уште повеќе ќе ги оддалечи од Ливерпул, кој е лидер на табелата.
Во првото полувреме и двата тима имаа многу шанси, но мрежите мируваа. Во вториот дел Челзи имаше поголема иницијатива, но во 60-тата минута Габриел Мартинели постигна погодок и им донесе водство на „топџиите“. По примениот гол Челзи ги зеде конците во свои раце и го притисна противникот. Педро Нето со фантастичен гол во 70-тата минута донесе изедначување за домаќините и го постави и конечниот резултат.
Со ова реми Челзи и Арсенал се наоѓаат на 3-тото и 4-тото место со 19 освоени бода.