Теодор Стојановски (ТК Бутел) категорија -49 кг во Тирана направи голема сензација на официјално кадетско европско првенство во олимписко таеквондо.
Теодор имаше три доминантни победи над репрезентатаивци од:
Прво коло против Хараламбос Хаџимаврос Кипар, победа 2:0 рунди
Второ коло против Јарослав Вечирко Украина, победа 2:0 рунди
Полуфинале против Шон Џита Британија, победа 2:0 рунди
Пораз во финале од Нора Бранж репрезентативец на Франција, пораз 2:0 рунди.
Овој релевантен, историски младински успех за македонскиот спорт, е права реткост за домашниот спорт. Сребро на официјално европско првенство во олимписки спорт е вистинска насока дека македонското таеквондо го заджува приматот на водечки и најтрофеен домашен спорт.