Полувреме: Македонија има еден гол негатива против Литванија

176

Македонската машка ракометна репрезентација по првото полувреме против Литванија има негатива од еден гол 13-12. Ова е втор квалификациски дуел за пласман на ЕП 2026 година.

Повторно проблеми за Македонија, и во нападот, но и во одбраната. Она што Кирил Лазаров го најави и го бараше од неговите момци засега не е исполнето. Марко Кизиќ има пет одбрани, Галевски една. Пешевски со три гола е прв стрелец.

Лош почеток, по голот на Серафимов за 1-2, Македонија влезе во серија на грешки, кои противникот ги искористи и го превзема водството, во осмата минута беше 4-2 (Литванија не реализираше пенал). Серијата на нерализирани напади ја прекина Велковски (4-3), Кизиќ запиша одбрана, но Литванија повторно влезе во ритам. Нападот, исто не одеше течно, нашите момци тешко доаѓаа до ситуација да реализираат, а противничкиот голман исто запиша три важни интервенции.

По третата лична во напад на Пешевски, Литванија на средината на првото полувреме поведе со три гола разлика (7-4), но не застана. Негативата на Македонија во 18-та минута изнесуваше четири гола (9-5). Лазаров повика тајм-аут, беше потреба цврста одбрана. Тоа се случи, Кизиќ запиша две интервенции, Кузмановски со два гола (еден од пенал) и Пешевски доближија на 9-8 во 21-та минута. Штета „црвено-жолтите“ не искористија напад за израмнување. Литванија нешто подоцна повторно дојде на плус три (12-9).

Нова одбрана на Кизиќ, гол на Пешевски и Петар Атанасијевиќ за 13-12. Македонија не реализираше контранапад за израмниување, а Кизиќ спречи на одморот да биде плус два.

Да се надеваме дека нашите момци ќе успеат да се консолидираат и веќе во второто полувреме да одиграат на многу подобро ниво.

ПретходноСтанковски и Раднички со голем бод кај Партизан
СледноРуд со аплаузи испратен од “Олд Трафорд“! (ВИДЕО)