Португалија – последна шанса за домашна победа во битката за ЕП 2025

61

Во рок од три дена нашата женска сениорска репрезентација ќе има уште една шанса да стигне до она што го бара низ оваа квалификациска трка за пласман на Евробаскетот 2025 година, да дојде до победа во групата „Г“, како награда за вложениот труд во изминатиот период.

Засега, зад тимот на селекторот Александар Ашаданов се три неуспешни игри, последната дојде на домашен терен во СРЦ „Кале“ каде доста подобра од нашата беше селекцијата на Украина.

Селекторото Ашаданов беше и остана убеден дека тоа дефинитивно не е најдоброто од неговите избранички, и дека тоа ќе мора да го „поправат“ во она што следува.

А тоа е вечерашниот дуел ротив репрезентацијата на Португалија, која исто така не може да се пофали со некоја добра игра пресентирана на гостувањето во Белград, каде загубија убедливо од топ-фаворитот во оваа конкуренција, селекцијата на Србија.

Мечот е закажан за 18.часот во салата на СРЦ „Кале “ во Скопје. Тоа ќе биде и последното наше „домаќинство“ особено ако се земе во предвид дека во февруарски ФИБА „прозорец“ нашите девојки ги очекуваат две гостувања, во Србија и во Украина (најверојатно таа средба ќе се игра во главниот град на Летонија, Рига каде Украинките се во улога на домаќини).

ПретходноРодри раскажа како дознал дека ќе ја добие „Златната топка“ и за бојкотот на Реал
Следно„Бомба“: Реал потпишува со дефанзивец кој е европски шампион!