Родри раскажа како дознал дека ќе ја добие „Златната топка“ и за бојкотот на Реал

115

Родри стана првиот играч од средниот ред по Лука Модриќ кој ја освоил Златната топка. Ѕвездата на Манчестер Сити ја освои својата четврта последователна титула во Премиер-лигата оваа сезона и беше клучен играч за шпанската репрезентација на патот до титулата на Европското првенство во Германија.

Неговата победа остана во сенка на контроверзии бидејќи во знак на поддршка за поразениот финалист во изборот, Винисиус Жуниор, целата делегација на Реал Мадрид во последен момент ја бојкотираше церемонијата на доделување, откако дозна дека нивниот играч нема да ја добие наградата. Во интервју за L’Equipe, Родри откри дека на почетокот не верувал во веста за бојкотот и мислел дека тоа е лажна вест.

“Немав поим што се случува, бев изненаден кога сите ме прашаа за тоа. Никој не ми кажа ништо пред церемонијата. Среде бел ден, кога се подготвувавме да се качиме во авионот, добив неколку пораки од пријатели кои велат дека Реал Мадрид нема да дојде. Отпрвин не верував, мислев дека се лажни вести.

Кога слетав во Париз, добив повеќе пораки со честитки. Тогаш сфатив дека се качив во авионот за да учествувам на церемонијата и практично слетав како победник. Беше тешко поради веста за летот од Мадрид, но решив да ја игнорирам и да уживам во вечерта“, изјави Родри.

Шпанскиот играч за врска и покрај ваквиот бизарен исход, смета дека одлуката да не се открие победникот до последен момент била добра, иако името протече пред самата церемонија.

„Знаев дека никој ништо нема да ми каже до самиот крај и успеа бидејќи дотогаш не го знаевме победникот. Мислам дека одлуката да се чува во тајност беше одлична“, изјави Родри.

ПретходноНова историја: Македонија има кадетски европски вицепрвак во таеквондо
СледноПортугалија – последна шанса за домашна победа во битката за ЕП 2025