Шампионот Струмица го доби првото големо овосезонско дерби во домашното првенство, откако на гостувањето кај Штип УГД славеше со 1:3. Очекуваното „дерби на есента“ им припадна на струмичани, кои имаа одличен противник во составот на Штип УГД, кој покажа дека и оваа сезона ќе биде сериозен конкурент во трката за трофеите.
Меч во пет сета одиграа Сушево и Шкендија, каде гостите иако беа големи фаворити на крајот едвај успеаја да дојдат до двата бода. домашните прикажаа одлична одбојка и заслужија бод. Сигурни победи и за Борец и Работнички, а прва радост имаа и одбојкарите на Весна Пробиштип.
Кај дамите големото дерби беше во Скопје. Шампионките Работнички имаа тежок предизвик против струмички Наковски Волеј кој одигра одличен меч и малку недостасуваше од Скопје за замине како победник. Работнички, сепак, беше присебен во петтиот одлучувачки сет и освои два бода.
ПРВА ЛИГА – МАЖИ – 5. КОЛО
Сушево – Шкендија 2:3 (21:25, 25:22, 19:25, 25:23, 14:16)
Штип УГД – Струмица 1:3 (18:25, 25:23, 12:25, 20:25)
Весна Пробиштип – Јанта Волеј 3:1 (23:25, 25:23, 25:23, 25:16)
ГОК Борец – Лирија 3:0 (25:15, 25:18, 25:16)
Скопје – Работнички 71&22 0:3 (13:25, 18:25, 15:25)
Македонија Џио – Универзитет во Тетово 0:3 (25:27, 10:25, 20:25)
Слободен е Вардар
ТАБЕЛА: 1. ГОК Борец (14), 2. Штип УГД (12), 3. Струмица (12), 4. Шкендија (11), 5. Работнички 71&22 (10), 6. Универзитет во Тетово (9), 7. Скопје (5), 8. Вардар 1947 (5), 9. Лирија (4), 10. Македонија Џио (3), 11. Весна Пробиштип (3), 12. Сушево (2), 13. Јанта Волеј (0).
ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ / 5. КОЛО
Фит Фан Волеј – Младост УГД 3:1 (14:25, 25:16, 25:20, 25:15)
Ускана – Јанта Волеј 0:3 (13:25, 11:25, 6:25)
Работнички – Наковски Волеј 3:2 (21:25, 25:22, 19:25, 25:23, 15:12)
Струмица – Вардар ЕМ 0:3 (16:25, 14:25, 23:25)
TАБЕЛА: 1. Работнички (14), 2. Јанта волеј (14), 3. Наковски Волеј (11), 4. Фит Фан Волеј (8), 5. Вардар ЕМ (5), 6. Младост УГД (3), 7. Струмица (3), 8. Ускана Волеј (2).