Лазаров со една измена во составот за дуелот со Литванија

600

Македонската машка ракометна репрезентација денеска (17 часот) го игра вториот квалификациски меч за пласман на Европското првенство 2026 година. По триумфот на домашен терен над Естонија (37-33) нашите момци и гостуваат на Литванија во Вилнус.

Селекторот, Кирил Лазаров за овој дуел одлучи да направи една измена и тоа на голманската позиција. Наместо Мартин Томовски шанса за деби на официјален меч за националниот тим ќе чека младиот голман Иван Галевски.

 

ПретходноВМФЛ: Брегалница против Арсими, “лавовите“ на гости во Велес, Скопје го пречекува Башкими
СледноАнчелоти има методи со кои од памет ги вади играчите!