Македонија сепак има една победа против Литванија

379

Македонската ракометна репрезентација има шанса широко да ги отвори портите кон пласман на Европското првенство 2026 година кое ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска.

Денешен противник на избраниците на Кирил Лазаров е селекцијата на Литванија, мечот се игра со почеток во 17 часот во Вилнус. Противникот стартуваше со пораз од Словенија, фаворитот во нашата група, додека пак Македонија ја победи Естонија на домашен терен.

Двете репрезентации имаат три меѓусебни мечеви кога станува збор за пресметки кои водат на едно големо натпреварување и една во рамките на Кроација Купот во 1999 година.

Од натпреварите за пласман на големо натпреварување, две од нив им припаднале на Литванците, додека една завршила со реми.

Двете победи Литванија ги има остварено во далечната 1996 година во квалификации за Светско првенство, додека пак ремито доаѓа во 2010 година, во меч одигран во Турција во рамките на квалификациите за СП 2011 година. Во составот тогаш бил и Лазаров, кој има постигнато 11 гола.

Триумфот над Литванија, Македонија го има запишано во 1999 година во рамките на Кроација Купот, и тоа во полуфиналето. На овој меѓународен турнир, нашата репрезентација во финалето славела против Хрватска. Трунирот се играл во Лабин.

ПретходноБрони Џејмс ја распродаде салата, но публиката немаше што да види (ВИДЕО)
СледноМиленикот на Анчелоти пред трансфер во Ливерпул