Станковски и Раднички со голем бод кај Партизан

253

Лука Станковски продолжува со добрите игри во дресот на Раднички Крагуевац. Позајмен од тимот на Газијантеп, Станковски есенва игра како препороден во шампионатот на Србија, беќе е повеќекратен стрелец и асистент.

Денеска на полниот „ЈНА“, Раднички за кого Станковски одигра деведесет минути одиграа 2:2, иако имаа негатива од 2:0 по само половина час. Сепак, гостите покажаа пред се карактер и трпение, најпрво намалија на 2:1, а потоа дојдоа во вториот дел и до бод.

Станковски имаше еден обид во финишот со кој можеше да донесе и победа, како и прекрасно додавање за нова „зицер“ ситуација, но домашниот голман спаси пораз.

Станковски досега има само статус на младински репрезентативец на Македонија, а само прашање на време е кога ќе добие шанса и во А тимот.

 

ПретходноИ дефинитивно Јуриќ добива отказ, Рома поразена на свој терен од Болоња!
СледноПолувреме: Македонија има еден гол негатива против Литванија