Шералдо Бекер ја реши Барса

160

Фудбалерите на Реал Сосиедад ја совладаа Барселона со 1:0 во последниот натпревар од 13-тото коло во Ла Лига. Екипата од Баскија направи големо изненадување и ја совлада една од најдобрите екипи на светот сезонава.

Единствениот погодок на мечот го постигна Шералдо Бекер во 33-тата минута. Во текот на целиот натпревар каталонскиот тим притискаше и редеше шанси, но момците предводени од Ханси Флик не можеа да го пронајдат патот до мрежата на домаќинот.

Со оваа победа Барселона остана на првата позиција со 33 бода, а Реал Сосиедад се наоѓа на 8-мото место со 18 бода.

ПретходноИнтер и Наполи си поделија по бод
СледноМаестрателниот Јокиќ: Дончиќ и Ирвинг постигнаа 67 поени, но недоволно против МВП-то (ВИДЕО)