Нови главоболки за Артета, се повреди клучниот тандем!

147
Фото: ФЦ Арсенал

Фудбалерите на Арсенал не успеаја да го победат Челзи, но бодовното заостанување зад Ливерпул не е единствената лоша вест за Микел Артета.

Шпанецот по дербито на „Стемфорд Бриџ“ потврди дека Букајо Сака и Деклан Рајс се повредени и дека ситуацијата не изгледа добро.

„Не изгледа добро. Ако двајца играчи кажат дека не можат да го продолжат натпреварот, тогаш очигледно тоа не е добра вест“, изјави Артета.

Од Англија стигна потврда дека Сака и Рајс ќе го напуштат репрезентативниот камп за да ја продолжат терапијата во Арсенал.

Тимот на Микел Артета има пеколен распоред по репрезентативната пауза, Нотингем во Лондон, гостува кај Спортинг во Лисабон и Вест Хем, а потоа на Емирати ќе пристигне Манчестер Јунајтед…

ПретходноПроблем: Аморим не може веднаш да почне со работа во Јунајтед
СледноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА навиваше за Бобан Илиоски