Неочекувана средба на Раул Гонзалез со српската репрезентација на аеродромот во Белград (ФОТО)

815

Раул Гонзалез е прв кандидат за селекторското место на машката ракометна српска репрезентација. Веќе два дена се зборува на оваа тема, а кога нешто сака да биде тогаш и „судбината“ зема се во свои раце.

За сето ова дојде потврда од аеродромот „Никола Тесла“ во Белград каде српската репрезентација се сретнала со новиот селектор додека со часови го чекала авионот за Италија.

Раул е актуелен тренер на ПСЖ, па засега не е познато дали ќе може веднаш да застане на „кормилото“ на српската репрезентација или тоа ќе може да го стори после 1. јули.

Тој на клупата ќе го наследи Борис Ројевиќ, кој со голем успех ја предводи српската репрезентација во евроквалификациите за ЕХФ. Интересно е што Ројевиќ има уште три и пол години важечки договор.

Гонзалез тренерската кариера ја почна со титулата во Лигата на шампиони со тимот на Вардар, со кого освои и голем број домашни титули. Од 2017 до 2019 година беше селектор на ракометната репрезентација на Македонија. Тој веќе шест години го води Пари Сен Жермен, еден од најголемите европски клубови.

Фотографијата од аеродромот можете да ја видите на следниот ЛИНК. 

ПретходноКосовски тренер шамараше осум годишно девојче поради пораз од српска натпреварувачка
СледноЈончевски го објави поширокиот список: Без Андреј Јакимовски на двомечот со Литванија