Репрезентацијата на Македонија има намера со две победи во двата последни мечеви од тековната Лига на Нации да ја заврши истата и да го потврди, освои првото место во групата. Тоа нема секако да биде лесно, најтешко се добиваат мечевите кои се однапред означени со „вин“, а тоа нашите репрезентативци и тоа како добро го знаат.
„Се чувствуваме добро, тоа е најважно. Се чувствува позитивната енергија во тимот. Фактот што последните два меча ги играме на свој терен секако дека е голем плус, и тоа е голем фактор во обидот истите да ги добиеме. Ќе ни значи многу секако доколку прокнижиме нови три бода.
Резултатот од мечот во Летонија и таа висока наша победа не е реалната слика. Летонија е добра репрезентација. Треба многу да се потрудиме пред се за да бидеме фокусирани максимално во одбрана и во транзивијата кон напад. Не е важно против кого играме, дали Италија или Летонија, целта е таа. Со даден максимум до нови бодови и победи“ – изјави дефанзивецот Ѓоко Зајков пред денешниот тренинг на националниот тим.