Чурлинов: Националниот дрес е секогаш голем мотив

103

Македонската фудбалска репрезентација е во екот на подготовките за двата последни мечеви од Лигата на Нациите против Летонија односно Фарски острови. Лидерската позиција на табелата ни дава за право на овие два дуели да се надеваме на максимални шест бода, и со тоа во голем стил да ја освоиме групата поточно пласманот во Б дивицијата.

Тоа нема да биде лесно, секој противник доаѓа во Скопје за да освои бодови, особено ако на пример Фарски Острови веќе нам ни одиграа 1:1 на нивен терен и ни „скратија“ два планирани бода.

„Со самото тоа што играме пред домашна публика, ни дава мотив за нови три бода. Ќе ги анализираме добро, ќе се подготвиме. Ова претставува голема мотивација, затоа што нема поголем мотив од националниот дрес. Мечевите не се лесни, затоа што нема лесни противници во денешно време. Сметам дека во денешно време повеќето селекции во денешно време се на ист, или сличен левел, односно ниво. Ќе дадеме се од себе, како и до сега. Важно е да одиграме онака како што знаеме и како што ќе ни укаже селекторот. Ако го правиме она што ќе ни го каже селекторот нема причина да тргне нешто по зло што се вели“ – изјави Дарко Чурлинов, македонскиот репрезентативец кој конечно по многуте проблеми на клупски план заигра на потребното ниво.

 

ПретходноСветски пинг понг натпревар во Скопје 2025, за прв пат во сениорска категорија
СледноМонтела е фаворит за клупата на Рома