Што вели календарот во Евролига околу настапот на Димитријевиќ и Шортс против Литванија?

423

Македонската кошаркарска репрезентација ја чекаат два тешки дуели во квалификациите за ЕП 2025 година. „Црвено-жолтите“ ќе одиграат двомеч против селекцијата на Литванија, првиот е во Скопје на 21 овој месец, додека три дена подоцна е реваншот, тој се игра во Клаипеда.

Во поширокиот состав на Александар Јончевски за овие две средби се двајцата кошаркари, Ненад Димитријевиќ и Ти-Џеј Шортс кои настапуваат во Евролига. Добро е познато дека клубовите кои настапуваат во ова натпреварување имаат право да не ги пуштат своите играчи за време на репрезентативните настапи.

Календарот во Евролига вели дека Олимпија Милано на Нено и Париз на Шортс на 21 имаат натпревари. Италијанскиот тим на домашен терен игра против Макаби, додека пак Париз му гостува на Анадолу Ефес.

Она што останува надеж е дека еден од двајцата кошаркари ќе му биде на располагање на Јончевски, а можеби и двајцата во зависност од концепцијата за гостинскиот дуел против Литванија. Следен меч на програмата во Евролига е на 28 ноември, а Македонија вториот дуел го игра на 24-ти.

Нашата репрезентација во овие квалификации тргна со пораз од Естонија дома и со победа против Полска на гости. Па овие две средби се и тоа како значајни во обидот да се вратиме на европската карта.

ПретходноТажни вести: На 23 години почина репрезентативец на Еквадор
СледноПелистер по реванш во Сомбор: Лекцијата ја научивме!