Бразилскиот напаѓач Витор Роке, чие време во Барселона беше преполно со компликации, денеска е најдобар стрелец во Бетис. Бразилецот е позајмен од Барса во Бетис каде очигледно доби поголема слобода во играта и за тоа веќе врати со својата голгетерска низа.
Иако првично, Роке се мачеше и во дресот на Андалузијците, сепак тренерот Мануел Пелегрини беше доволно трпелив со него, па успеа да му ја најде вистинската улога на теренот.
19-годишниот напаѓач во моментов е најдобар стрелец на Бетис заедно со Џовани Ло Селсо, постигнувајќи по пет гола во сите натпреварувања и полека се етаблираше како еден од најдобрите играчи во Ла Лига.
Роке има одиграно 10 натпревари во Ла Лига за Бетис, еден натпревар во Копа Дел Реј и три во Конференциската лига на УЕФА. Бетис до крајот на оваа сезона ќе го има на позајмица, но ако решат да купат 80% од неговите права за 25 милиони евра, тогаш следната сезона ќе го имаат и како свој фудбалер.