Евролига: Нено и Милано имаа победа в рака, на крајот останаа со празни раце

178

Иако одигра одличен натпревар, Нено Димитријевиќ не успеа да се израдува на уште една победа во Евролигата. Армани Милано имаше победа в рака на гостувањето кај Алба во Берлин, но во самиот финиш го искомпликува целиот меч и дозволи домашните најпрвин да се изборат за продолженија (92-92), а потоа со фуриозна игра во дополнителните пет поени да дојдат и до комплетна победа со 105-101.

Нашиот репрезентатвен плеј мечот го заврши како трет поентер во италијанскиот состав со 14 поени. За повеќе од половина час на паркетот во Берлин, Димитријевиќ имаше и два скока и пет асистенции. Ова беше шестиот пораз за Милано во девет одиграни меча сезонава.

Претходно голема победа н агостински терен извојуваа кошаркарите на Црвена Звезда. Тие славеа кај Монако со 98-90 што за нив е прва победа на жешкиот терен во кнежевството по пауза од 6 години. Одлично издание во составот на Црвена Зваезда имаше Филип Петрушев кој средбата ја заврши со 25 поени.

Фенербахче како домаќин славеше над Баерн (М) со 87-76, додека Олимпијакос на крајот многу потешко од очекуваното славеше над АСВЕЛ со 94-92. Шестата сезонска победа ја остварија и кошаркарите на Панатинаикос кои на домашен терен беа подобри од Макаби ТА со 93-87.

ПретходноПСЖ и Монако во Катар ќе се судрат за трофејот во Суперкупот
СледноПирес: Нема никаков конфликт меѓу Мбапе и Дешамп