Зајков: Летонија е сериозен ривал, резултатот од првиот меч не смее да не залаже

125

Репрезентацијата на Македонија има намера со две победи во двата последни мечеви од тековната Лига на Нации да ја заврши истата и да го потврди, освои првото место во групата. Тоа нема секако да биде лесно, најтешко се добиваат мечевите кои се однапред означени со „вин“, а тоа нашите репрезентативци и тоа како добро го знаат.

„Се чувствуваме добро, тоа е најважно. Се чувствува позитивната енергија во тимот. Фактот што последните два меча ги играме на свој терен секако дека е голем плус, и тоа е голем фактор во обидот истите да ги добиеме. Ќе ни значи многу секако доколку прокнижиме нови три бода. 

Резултатот од мечот во Летонија и таа висока наша победа не е реалната слика. Летонија е добра репрезентација. Треба многу да се потрудиме пред се за да бидеме фокусирани максимално во одбрана и во транзивијата кон напад. Не е важно против кого играме, дали Италија или Летонија, целта е таа. Со даден максимум до нови бодови и победи“ – изјави дефанзивецот Ѓоко Зајков пред денешниот тренинг на националниот тим.

 

ПретходноМонтела е фаворит за клупата на Рома
СледноРаул ќе ја води Србија до 2028 година