Пад во третата четвртина и пораз за Пелистер од Џокер

59

Една лоша четвртина го чинеше македонскиот вицепрвак нов пораз од Џокер во АБА2-лига. Иако кошаркарите на Пелистер влегоа добро и по првото полувреме имаа водство од 49-53, сепак слабото издание во третата четвртина (29-7) на крајот беше пресудно. После 56-56, домашниот тим со серија од 12-0 поведе со 68-56. Во овој период имаше и позитива од плус 16 (76-60).

Избраниците на Александар Петровиќ во последната четвртина го подигнаа нивото, но тоа не беше доволно за победа.

Пелистер го запиша третиот пораз оваа сезона, има една победа во групата Ц во која Џокер остана перфектен.

Антоан со 18 поени мечот го заврши како прв стрелец, Мишковиќ запиша 17 поени, додека еден помалку имаше Костоски.

Претходно„Л’Екип“: Мбапе од почетокот на сезоната има сериозни психолошки проблеми
СледноРФМ ги одреди казните за скандалозниот куп-меч: Клубовите исклучени од сите натпреварувања!