Пол Погба и Јувентус конечно се договорија!

1543

Пол Погба се согласил да го раскине договорот со Јувентус и наскоро ќе стане слободен агент, објави Скај Спортс. Двете страни постигнаа договор со кој ќе се официјализира разделбата меѓу нив.

Поранешниот француски репрезентативец сакаше да се врати во тимот на Старата дама откако неговата забрана за допинг беше намалена од четири години на 18 месеци. Сепак, клубот има други планови. Желбата е да се ослободат од платата на Погба која е во висина од 8 милиони евра по сезона.

Преговорите меѓу Јуве и претставниците на Погба се во напредна фаза. Играчот од средниот ред има договор до летото 2026 година, но ќе го раскине. Тој доби понуди од Англија, Саудиска Арабија и САД, а Интер Мајами се смета за фаворит за неговиот потпис.

По веста за казната на Погба, Јувентус му ги замрзна платите на Французинот и тој добиваше минимална плата од 2.000 евра месечно.

ПретходноТрабзонспор смета дека Барди е под нивото – ќе мора да тренира одвоено од првиот тим!
СледноПосле двете феноменални партии, Никола Јокиќ со прво признание!