Првата ѕвезда на Оклахома броеше до рекордни 45 поени (ВИДЕО)

62

Оклахома славеше против Лос Анџелес Клиперс со 134:128. Тандерс мечот го решија во втората четвртина кога постигнаа 41 поен. Иако Клиперси во следниот период вратија со ист број поени, сепак тоа не беше доволно за целосен кам-бек.

Канадскиот кошаркар Шеј Гилџес-Александер одигра неверојатно ефикасен натпревар, постигна дури 45 поени и додаде три скока и девет асистенции.

Покрај него, во редовите на ОКЦ вреди да се споменат Вилијамс со 28 и Дорт со 19 поени.

На другата страна во редовите на Клиперс Норман Пауел постигна 31 поен, а најдобро го следеше хрватскиот кошаркар Ивица Зубац со 22 поени и 14 скока.

На останатите средби, Чикаго беше поразен од Клилвенд со 113-119. За Кавси ова беше 12-ти триумф во низа и натаму се единствени без пораз.

Хјустон славеше против Вашингтон со 107-92, Њу Орлеанс на домашен терен беше поразен од Бруклин со 105-107, додека Сан Антонио убедливо славеше против Сакраменто (116-96).

 

ПретходноЗа шест месеци Бријаторе избркал 300 вработени од Ф1 тимот Алпин
СледноТрабзонспор смета дека Барди е под нивото – ќе мора да тренира одвоено од првиот тим!