Репрезентативците ја „коваат“ стратегијата за Летонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

208

Македонската фудбалска репрезентација во засилен ритам се подготвува за претстојните два последни меча од Лигата на нации. „Црвено-жолтите“ на тренинг центарот на ФФМ ја подготвуваат стратегијата за првиот дуел со Летонија в четврток, но размислуваат и за она што ги очекува в недела против Фарските острови.

Вечерва беше одржан уште еден од планираните тренинзи, а веќе утре селекцијата се сели и на Националната Арена каде ќе се одржи официјалниот последен тренинг пред дуелот во четврток.

ПретходноБелград е најблизу да го добие Ф4 турнирот во Евролигата, но не се откажува и Абу Даби
СледноНов проблем за Јувентус: Кабал ги скинал вкрстените лигаменти