Солскјер призна: Враќањето на Роналдо беше погрешен чекор

155

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, истакна дека одлуката да се врати Кристијано Роналдо на „Олд Трафорд“ на крајот на летото 2021 година е погрешна, без разлика колку тоа изгледало правилно во тоа време.

Токму на крајот од летниот преоден рок во сезоната 2021/22, „црвените ѓаволи“ го вратија Португалецот во тимот во последните месеци од мандатот на норвешкиот стручњак, делумно за да спречат сензационален трансфер во ривалот Манчестер Сити.

Португалскиот ас остана нешто повеќе од една година во повратниот мандат во Јунајтед, па и покрај некои солидни игри, остави далеку поскромни перформанси отколку во ерата кога за тренер го имаше Сер Алекс Фергусон.

Зборувајќи од временска дистанца од три години, Солскјер во разговор за норвешките медиуми истакна дека враќањето на Роналдо е погрешен потег.

“Веројатно тоа беше наш погрешен избор. Сепак, тогаш сметавме дека тоа е вистинскиот потег”, откри херојот од големиот пресврт на Јунајтед против Баерн во финалето на Лигата на шампионите во 1999 година.

Гледајќи наназад за неговото време на клупата на Јунајтед. Солскјер изјави дека е горд на своето време на чело на англиските гиганти.

„Горд сум на се што направив. Имаше многу добри работи и бевме на вистинскиот пат. Бевме трети и втори, имавме неколку полуфиналиња и за жал го загубивме тоа финале во Лига Европа на пенали од Виљареал. Така мислам сега, да, да победевме тогаш, резултатот ќе беше сосема поинаков“, заклучи стручњакот кој беше сменет на „Олд Трафорд“ во ноември 2021 година по серијата лоши резултати.

ПретходноКако утеха за поразот, Пешевски во одбрано друштво (ВИДЕО)
СледноЈаник Синер го доби пехарот за најдобар тенисер за 2024 (ВИДЕО)