Белград е најблизу да го добие Ф4 турнирот во Евролигата, но не се откажува и Абу Даби

149

Клубовите/акционери од Евролигата денеска имаа уште еден состанок, на кој домаќинот на фајналфорот во 2025 година беше една од главните теми.

Иако сè уште нема конечна одлука, сепак, поголемиот дел од клубовите биле за враќање на завршниот турнир во Белград,.
Сепак, Абу Даби сè уште е во листата на кандидати за потенцијален домаќин, имајќи ја главно поддршката од ИМГ, која останува клучен чинител во Евролигата и нивното заедничко вложување со натпреварувањето истекува во летото 2026 година.

ИМГ јасно стави до знаење дека тие го претпочитаат Абу Даби од различни причини и се чини дека ова е единственото нешто што ја одложува конечната одлука.

Конечна одлука веројатно ќе биде донесена во петок, 15 ноември.

ПретходноРФМ ги одреди казните за скандалозниот куп-меч: Клубовите исклучени од сите натпреварувања!
СледноРепрезентативците ја „коваат“ стратегијата за Летонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)