Бојан Илиевски повикан за А репрезентацијата на Македонија

2104

Помалку изненадувачки, да не речеме шокирачки, повик за А репрезентацијата на Македонија која што во моментов се подготвува за двата последни меча од тековната Лига на Нации, добива во моментов членот на тимот на Струга Трим Љум, Бојан Илиевски.

Десниот бек веќе има еден повик за репрезентацијата на Македонија, а ова секако дека е награда за добрите игри во тимот на Струга.

Инаку, Македонија мака мачи со позицијата на десен бек, каде што се испробаа неколкумина по откажувањето на Стефан Ристовски од репрезентацијата. Бехар Фета од У21 беше прекомандуван во А селекцијата откако заврши циклусот на младата репрезентација, а селекторот Милевски на официјалната прес конференција при објавувањето на списокот нагласи дека токму Фета го планира на оваа позиција.

Илиевски досега има настапувано за екипите на Пелистер, Работнички, Македонија ЃП и Струга ТЉ. Во моментов има 25. години.

 

ПретходноСо специјален настан во Куманово одбележани 250 дена до почетокот на Европскиот Младински Олимписки Фестивал 2025
СледноШпанец на клупата на Пелистер