Монтела е фаворит за клупата на Рома

148

И натаму се лицитира со имиња на тренери кои се потенцијални наследници на клупата на Рома. Откако „Волчицата“ остана без тренер, односно беше отпуштен досегашниот стратег, Јуриќ, сега редица на имиња се споменуваат како нов тренер на Рома.

Од Ерик Тен Хаг (!?), преку Роберто Манчини, Масимилијано Алегри, Френк Лампард, па се до Клаудио Раниери. Сепак, денешниот број на Кориере Дело Спорт вели дека Винченцо Монтела е фаворитот број еден.

Во моментов селекторот на Турција, е омилен лик на Олимпико затоа што во негово време беа постигнати сериозни резултати и успеси. Важи за сериозно тактички поткован тренер, нешто што на Рома во моментов и тоа како и е потребно.

 

ПретходноЧурлинов: Националниот дрес е секогаш голем мотив
СледноЗајков: Летонија е сериозен ривал, резултатот од првиот меч не смее да не залаже