Очекуван пораз на Работнички за простување од европските настапи оваа сезона

65

Одбојкарките на Работнички со втор пораз од 3:0 во сетови го завршија своето европско претставување за оваа сезона. Вечерва во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, шампионките го одиграа реванш мечот од 1/16-финалето на Купот на ЦЕВ против романскиот вицепрвак Алба Блај и вторпат беа поразени со убедлив резултат, со што се простија од европските турнири.

РАБОТНИЧКИ – АЛБА БЛАЈ  0:3 (14:25, 11:25, 11:25)

И пред двата дуели со романскиот тим беше очигледна разликата во квалитетот на двете страни. Алба Блај е еден од фаворитите и за освојување на ова натпреварување, па вечерва во Скопје уште еднаш ја потврди својата доминација. Работнички со домашни сили успеа да приши само солиден отпор и да се обиде овие искуства од европските настапи да ги искористи за следните сезони во кои сигурно ќе очекуваме многу подобри настапи и резултати.

Баталаковска реализираше 6 поени, додека Милевска и Ѓурѓевиќ имаа по 4 поени за нашиот состав, додека кај Алба најефикасна вечерва беше Матејко со 17 поени.

ПретходноЛампард на чекор до преземање на второлигашот Ковентри
Следно„Л’Екип“: Мбапе од почетокот на сезоната има сериозни психолошки проблеми