Шпанскиот интернационалец и член на тимот на Манчестер Сити, Родри е освојувачот на Златната топка. Тој е првиот играч за врска по Лука Модриќ на кого тоа му пошло од рака, а светската јавност е поделена по ова прашање. Многумина сметаат дека истата е заслужена, други пак дека таа мораше да оди во рацете на Винициус. Приказната не е завршена со фактот што Златната топка замина кај Родри туку ќе се шпекулира и коментира уште долго на оваа тема.
Јавноста ја интересира секој детал, па и тоа дали Винициус воопшто му честитал на Родри за наградата. Тоа не можел да го стори на гала свеченоста организирана од УЕФА затоа што целата експедиција на Реал Мадрид реши истата да ја бојкотира, но Родри откри дека тоа не се случило ниту по телефон или пак на било каков друг начин.
„Винициус не ми се јави, но морам да кажам дека воопшто ниту се оптеретувам со тоа, ниту ми е жал, ниту пак гајле. Мене ми е важно дека мојат фамилија, пријателите, и клубот се среќни поради мојот успех. Лично на крај не би ми паднало да направам она што го направи Реал Мадрид и да ја бојкоритам прославата. Нема ниту смисол да се говори за тоа. Не ме повреди фактот што Реал не присуствуваше, ја почитувам сечија одлука, но повторувам јас поинаку би реагирал“ – изјави Родри.