РФМ ги одреди казните за скандалозниот куп-меч: Клубовите исклучени од сите натпреварувања!

452

По скандалозниот меч од женскиот ракометен куп меѓу екипите на Гевгелија и Скопје, Ракометната федерација на Македонија донела одлука со која ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје се исклучени од сите натпреварувања под капата на Ракометната федерација на Македонија.

Суспензии добиле и официјалните лица на двата клуба, како и делегатот. Валентина Радуловиќ како претседател на ЖРК Скопје, е суспендирана со забрана за вршење функција во ракометот во следните две години, а идентична казна има и за тренерот на екипата, Веселинка Треноска.

Претседателот на ЖРК Гевгелија Јулија Беќарова доби забрана за вршење на ракометна функција во следните две години. Делегатот на мечот Митко Ѓоргиевски е казнет со забрана за вршење на функција во следните шест месеци.

ПретходноПад во третата четвртина и пораз за Пелистер од Џокер
СледноБелград е најблизу да го добие Ф4 турнирот во Евролигата, но не се откажува и Абу Даби