Трабзонспор смета дека Барди е под нивото – ќе мора да тренира одвоено од првиот тим!

669

Додека капитенот на македонската фудбалска репрезентација е во Скопје и заедно со останатите момци се подготвуваат за пресметките со Летонија и Ф.Острови во Лигата на Нации, од Турција дојдоа неочекувани вести.

Раководството на клубот донесе одлука македонскиот репрезентативец и уште тројца фудбалери да тренираат надвор од првиот тим бидејќи не се на нивото кое се очекува, сите тие ќе имаат за задача да ги подобрат своите перформанси.

„Како резултат на денешниот состанок меѓу претседателот Ертугрул Доган, потпретседателот Зејат Кафкас и тренерот Шенол Ѓунеш, одлучено е нашите фудбалери Мислав Оршиќ, Стефано Денсвил, Енис Барди и Умут Бозок да тренираат одвоено за да ги подобрат своите перформанси“ – се вели во соопштението од клубот.

Барди, кој во Трабзонспор е од 2022 година, сезонава забележа вкупно 13 настапи во сите натпреварувања за тимот, од кои осум во турското првенство, два во квалификациите за Конференциската лига и три во квалификациите за Лигата Европа.

ПретходноПрвата ѕвезда на Оклахома броеше до рекордни 45 поени (ВИДЕО)
СледноПол Погба и Јувентус конечно се договорија!