Ламин Јамал е најдобриот млад играч на светот. Таа престижна награда ја добиле многу малку фудбалери, а сите од ред потоа направиле сериозни кариери. На младиот шпанец и член на Барселона му се дава огромно значење пред се во клубот каде што го гледаат како драгоценост.
Од друга страна пак, Јамал тоа и го заслужува затоа што тој сеуште не е ниту полнолетен, а има срушено грст рекорди во доменот на головите, деби настапите и слично.
Во таа насока е и подарокот од неговиот соиграч Рафиња кој по повод наградата за најдобар млад играч, му подари на Јамал ни помалку ни повеќе туку златен ајфон. Телефонот вреди цели 12.000 евра, а инспирацијата на бразилецот доаѓа од фактот што своевремено и Лионел Меси и Кевин Де Брујне за оваа награда добиле подароци.